| четврток, 6 декември 2018 |

Крсте Велкоски од Сараево се сели во Јужна Кореја

krste velkoski

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски кој со успех го носеше дресот на босанскиот тим Сараево кариерата ќе ја продолжи во Јужна Кореја во тимот на Инчон јунајтед.
Неговиот поранешен клуб веќе го обелодени траснферот, а Велкоски веднаш по завршувањето на зимските подготовки стави потпис на договорот.
Откако беа завршени сите формалности околку добивање на работна дозвола во Јужна Кореја тој и официјално е нов играч на Инчон.

Велкоски одигра 75 натпревари за сараево и постигна 31 гол, а имаше и 21 асистенција. Во сезоната 2014/15 ја освои и шампионската титула со Сараево.

– Дојде време за разделба и за нови предизвици во мојот живот и мојата кариера. Се надевам дека и во новиот клуб ќе продолжам исто како што работев и играв во Сараево, дека ќе оставам белег, и ако даде Господ, еден ден, искрено говорам, ќе се вратам во Сараево. Тоа е клубот и градот кој многу го засакав, каде минав две незаборавни години – изјави Крсте Велкоски за официјалниот сајт на ФК Сараево.

Крсте Велкоски од редовите на Работнички се пресели во Сараево. За македонската репрезентација има одиграно десет натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top