Освен тоа што жителите на населбата Железничка во Штип ќе добијат нов водовод, нова асфалтна мрежа и ќе се заврши решавањето на проблемот со фекалната канализација, се решија и повеќе други значајни проблеми за граѓаните.
Најдено е решение за проблемот со превоз на ученици за што општината веќе има обезбедено средства.
Имено како горлив проблем граѓаните го истакнаа и превозот на 40. деца од оваа населба до централното основното училиште за што градоначалникот Захариев информира дека претходниот директор на училиштето не распишал тендер со образложение дека не им следува превоз на децата, бидејќи имаат подрачно училиште кое е оддалечено помалку од еден километар.
Истовремено Груевски ги информираше заинтересираните граѓани за новата законска поволност која се овозможи за граѓаните кои сакаат да направат надоградба, и тоа да биде по скратена процедура без да се чекаат измените на деталниот урбанистички план со што ќе може веднаш да почнат со надградба.
Граѓаните се интересираа и за легализирање на дивоградбите. Претседателот Груевски ги повика граѓаните кои беа заинтересирани да ја искористат законската можност и да поднесат барање за легализација на дивоградбите за само по едно евро за м2 користејќи го рокот кој трае до крајот на март.
Постоеше интерес и кај граѓаните за проектот на Владата купи куќа, при што градоначалникот на Штип Илчо Захариев посочи дека Штип. Ќе обезбеди околу 1000 атрактивни локации.
Груевски изврши увид во градежните работи на локалниот пат Врсаково-Долно Трогерци во должина од пет километри, што се реализира со 17,5 милиони денари од Владата на Република Македонија и девет милиони од општина Штип.
Изградбата на патот дојде на предлог на земјоделците и локалните жители. Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев посочи дека освен за населението што живее тој е клучен за пристапност на земјоделците до своите посеви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)