Постар австриски бизнисмен останал без 2,5 милиони евра откако се вљубил во една келнерка од Хрватска и својата љубов и ја докажал така што и ги дал шифрите од сефот и од кредитните картички.
Сузи (42) работела во еден голф клуб како келнерка, а чест гостин на шанкот бил супер богатиот Карл Х. (78) кој често и се жалеле на Хрватката дека не може да живее во самотија.
На бизнисменот неодамна му починала сопругата, а утехата ја пронаоѓал во голфот и алкохолот што пак било лесен плен за келнерката. Сузи се зближила со Карл и откако му кажала дека сопругот ја тепа и дека нема пари да се разведе, бизнисменот влегува во стапицата и дава пари и госпоѓата ги решава семејните проблеми. Вендаш по нејзиниот наводен развод таа станува интимна со Карл и често престојува во неговата вила. Двојката решава да се венча, а Сузи станува побогата за нови заби, силиконски гради Мерцедес Е200Купе.
Карл во меѓувреме на наговор на Сузи ја продава својата компанија за 2,8 милиони евра и наивно на сопругата и ги открива шифрите од сефот и кредитните картички.
Следниот ден пресреќната Сузи му кажала на сопругот дека мора да замине во Хрватска, но наместо таму таа отпатувала во иена и го ограбила Карл до последен цент.
Случајот сега е на суд во Виена, а Хрватката се брани дека Карл бил дарежлив и дека станува збор за скап подарок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Jа ограбиле бабата која им изнајмила соба во Охрид: Двајца скопјани во притвор
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец