| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот „МакеДокс Кино викенд“ се одржува денес и утре во киното „Фросина“

Првиот „МакеДокс Кино викенд“ ќе се одржи во петок и сабота (4 и 5 февруари) во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар.

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе организира „МакеДокс Кино-викенд(и)“ за да и овозможи на македонската публика повторно да погледне некои од документарните филмови кои беа дел од фестивалската програма.

Во петок од 20 часот ќе биде прикажан филмот „Секојдневен бунт“, а од 22 часот „Секс за шуми“. На 5 март (сабота) „МакеДокс“ ќе прикаже документарци номинирани за Оскар: „Доаѓаме како пријатели“ на режисерот Хјуберт Саупер (од 20 часот) и „Погледот на тишината“ во режија на Џошуа Опенхајмер (од 22 часот).

– Со оглед на тоа што живееме во реалност која станува пофиктивна и од самите играни филмови, документарниот филм станува сѐ поинтересен за љубителите на филмската уметност, соопшти „МакеДокс“ за причината да организира проекции во викендите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top