| четврток, 6 декември 2018 |

Детската оперска претстава „Мала волшебна флејта“ в недела во МОБ

Македонската опера и балет продолжува со практиката за музичка едукација на најмладата популација. Во недела (06.03.), со почеток во 12 часот, ќе биде изведена детската оперска претстава „Мала волшебна флејта“. Претставата е адаптација за деца на популарната опера „Волшебната флејта“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Во нејзе, преку убавата музика на Моцарт, децата ќе имаат можност да дознаат одговори на неколку прашања: Дали Сарастро е навистина лош (злобен) волшебник, за разлика од Моностатос? Што работи Папагено, кој ја уби змијата и зошто тој лаже? Зошто Кралицата на Ноќта му ја ветува за жена нејзината ќерка Памина на Тамино и што бара од него, за возврат? Што добиваат Тамино и Папагено, од Памина и Папагена и што на крајот победува?

Цената на билетот изнесува 150 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top