| четврток, 6 декември 2018 |

Костиќ: Време е да се ослободиме од сите стеги

Интервју со Миодраг Костиќ, директор на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“, објавено во 32-от број на неделникот „Република“ (12 април 2013)

Miodrag-Kostic-1

Без раз­ли­ка на ме­сто­то ка­де се на­о­ѓа­ме, не­за­вис­но од тоа да­ли сме во Ма­ке­до­ни­ја, Аме­ри­ка или во Ку­вајт, ние се­којд­нев­но се со­о­чу­ва­ме со исти проб­ле­ми. Се­ко­му во те­кот на де­нот му про­ле­ту­ва мис­ла во гла­ва­та де­ка му е до­ста од по­ли­ти­ка, од фи­нан­си­ски проб­ле­ми, од рас­пра­вии со со­се­ди­те, од со­о­бра­ќај­ни­те ме­те­жи, конс­пи­ра­ци­и­те и за­го­во­ри­те, ве­ли Ми­о­драг Ко­стиќ.

 

Под мо­то­то „Ос­ло­бо­ди се“, од 12 до 16 април, ќе се одр­жи ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от те­а­тар­ски фе­сти­вал „Ли­ца без ма­ски“. Зо­што се ре­ши­вте за овој сло­ган и ко­ја по­ра­ка ја ис­пра­ќа фе­сти­ва­лот?
Костиќ: Без раз­ли­ка на ме­сто­то ка­де се на­о­ѓа­ме, не­за­вис­но од тоа да­ли сме во Ма­ке­до­ни­ја, Аме­ри­ка или во Ку­вајт, ние лу­ѓе­то се­којд­нев­но се со­о­чу­ва­ме со ед­ни исти проб­ле­ми. Се­ко­му во те­кот на де­нот му про­ле­ту­ва мис­ла во гла­ва­та де­ка му е до­ста од по­ли­ти­ка, од фи­нан­си­ски проб­ле­ми, од рас­пра­вии со со­се­ди­те, од со­о­бра­ќај­ни­те ме­те­жи, конс­пи­ра­ци­и­те и за­го­во­ри­те. Се­то тоа нѐ пра­ви нас лу­ѓе­то на де­неш­ни­на­та стег­на­ти и за­тво­ре­ни во сопс­тве­на­та луш­па. По­а­ѓај­ќи од овие на­че­ла, а во­ед­но и од со­др­жин­ски­от ас­пект на се­ле­кти­ра­ни­те прет­ста­ви од офи­ци­јал­на­та про­гра­ма на фе­сти­ва­лот „Ли­ца без ма­ски“, ре­шив­ме да упа­ти­ме по­ра­ка до на­ша­та пуб­ли­ка де­ка е вре­ме да се ос­ло­бо­ди­ме од си­те вна­треш­ни и над­во­реш­ни сте­ги и да се от­пу­шти­ме со по­мош на те­а­та­рот, кој се­ко­гаш е ме­сто­то во кое мо­же­ме да про­нај­де­ме нов свет, но­ва ви­зи­ја и но­ви про­сто­ри на умс­тве­но­то раз­мис­лу­ва­ње.

Од со­др­жин­ски ас­пект, што ќе по­ну­ди го­ди­наш­на­та про­гра­ма на фе­сти­ва­лот?
КостиќГо­ди­неш­на­та про­гра­ма на „Ли­ца без ма­ски“ ну­ди умс­тве­на, естет­ска и жи­вот­на ре­ла­кса­ци­ја. Тоа се прет­ста­ви што го­во­рат за акту­ел­ни­от миг во кој де­нес жи­вее со­вре­ме­ни­от чо­век. Со гор­дост мо­жам да ка­жам де­ка го­ди­на­ва се­ле­кто­рот Игор Ивко­виќ, на­пра­ви, на­ви­сти­на, екск­лу­зив­на про­гра­ма на прет­ста­ви, во ко­ја до­ми­ни­ра ал­тер­на­тив­ни­от и не­за­ви­сен те­а­тар­ски кон­цепт. За прв­пат во Ма­ке­до­ни­ја, на на­ши­от фе­сти­вал ќе ни го­сту­ва еден од нај­пре­стиж­ни­те те­а­три на не­за­вис­на­та про­дук­ци­ја во мо­мен­тов, а тоа е Ака­де­ми­ја­та за те­а­тар од Рим, Ита­ли­ја, „Со­фи­ја Амен­до­леа“, кои до­а­ѓа­ат со нив­ни­от нај­нов про­ект „Убиј ги де­ца­та“, во ре­жи­ја на Фа­био Омо­деи, кои го осво­ју­ва­ат све­тот. Екск­лу­зив­но, на „Ли­ца без ма­ски“ ќе на­ста­пат и акте­ри­те од со­фи­ски­от не­за­ви­сен те­а­тар „Ател­је 313“, кои пре­ку прет­ста­ва­та „Де­во­лу­ци­ја“ ќе ни рас­ка­жат за ха­о­сот што се слу­чу­ва во со­вре­ме­ни­те мис­ли, за по­тро­шу­вач­ко­то оп­штес­тво, за де­ху­ма­ни­за­ци­ја­та и за пре­пу­шта­ње­то на мо­дер­ни­от чо­век на суд­би­на­та. Оваа прет­ста­ва во 2012 го­ди­на бе­ше но­ми­ни­ра­на за на­гра­да за нај­до­бра прет­ста­ва на ИКАР (IKAR) од Уни­ја­та на бу­гар­ски акте­ри. На про­гра­ма­та се и прет­ста­ви­те на ро­ман­ски­от не­за­ви­сен те­а­тар, „Соз­да­ва. Глу­ми. Ужи­ва“, кои во Скоп­је, ќе го­сту­ва­ат со дуо-дра­ма­та „Ова е тво­е­то те­ло. По­ве­ли во мо­и­те мис­ли“, во ре­жи­ја на Але­ксан­дра Фел­се­ги. По­крај нив се уште и прет­ста­ви­те „Ру­вен­зо­ри“, од ака­дем­ски­от те­а­тар „Бран­ко Крс­ма­но­виќ“ од Бел­град, Ср­би­ја, и пол­ска­та прет­ста­ва „Ка­ме­нот на тр-пе­ли­во­ста“, во из­вед­ба на те­а­тар „За­пад­ни­ја“.

Отво­ра­ње­то на фе­сти­ва­лот оваа го­ди­на ќе би­де по­све­те­но на ма­ке­дон­ска­та не­за­вис­на те­а­тар­ска про­дук­ци­ја. Има­ме чест, пред го­сти­те од странс­тво, но и на за­до­волс­тво на на­ша­та пуб­ли­ка, да ја пог­лед­не­ме ми­на­то­го­диш­на­та хит-прет­ста­ва „Филм“ – автор­ски про­ект на Са­ша Ефти­мо­ва. На овој на­чин, са­ка­ме да ја пот­тик­не­ме ма­ке­дон­ска­та те­а­тар­ска јав­ност да се „втур­ну­ва“ во соз­да­ва­ње и во истра­жу­ва­ње не­за­вис­ни те­а­тар­ски про­е­кти со со­вре­ме­ни те­а­тар­ски ко­до­ви, за што се на­де­ва­ме де­ка в го­ди­на ќе ги има во по­го­лем број.

Кај нас има не­за­вис­на те­а­тар­ска сце­на

По­сто­ја­но го спо­ме­ну­ва­те тер­ми­нот не­за­вис­на те­а­тар­ска про­дук­ци­ја. Кол­ку е таа раз­ви­е­на кај нас и да­ли во­оп­што има ус­ло­ви за неа?
КостиќИа­ко мно­гу­ми­на ќе ре­чат де­ка не­за­вис­на­та те­а­тар­ска про­дук­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја се ја­ву­ва со ма­ли проб­ле­со­ци, јас ќе про­ти­вре­чам и ќе твр­дам де­ка ја има и де­ка ус­ло­ви­те
за раз­вој на не­за­вис­на­та те­а­тар­ска сце­на ги има на­се­ка­де и во се­кој мо­мент. На­ша­та про­дук­ци­ја „Те­а­тар 007“, е еден од при­ме­ри­те за ус­пеш­но во­де­ње та­ква не­за­вис­на сце­на. Со
кон­крет­ни идеи, про­е­кти, ви­зии и ини­ци­ја­ти­ви, „Те­а­тар 007“ ег­зи­сти­ра ве­ќе 15 го­ди­ни на ма­ке­дон­ска­та сце­на, ка­ко еден од нај­а­ктив­ни­те фа­кто­ри на та­кво­то те­а­тар­ско изра­зу­ва­ње. Со­ра­бо­тка­та што во мо­мен­тов ја има­ме со Јав­на­та уста­но­ва Уни­вер­зал­на са­ла е при­мер за тоа де­ка е воз­мож­на со­ра­бо­тка ме­ѓу ин­сти­ту­ци­и­те и не­за­вис­ни­те умет­ни­ци, се­ко­гаш ко­га се има до­бар про­ект, мис­ла, иде­ја и ини­ци­ја­ти­ва. Од та­кви­те идеи и про­е­кти, про­из­ле­зе и об­но­ву­ва­ње­то на „Ма­ла­та сце­на“ при Уни­вер­зал­на са­ла, ко­ја со отво­ра­ње­то ми­на­та­та го­ди­на, до де­нес пре­рас­ну­ва во ви­стин­ски цен­тар на кре­а­тив­ност.

Да­ли по­крај глав­на­та про­гра­ма, „Ли­ца без ма­ски“ ну­ди и дру­ги со­др­жи­ни?
КостиќСе­ка­ко. Впро­чем, на­ши­от фе­сти­вал е поз­нат по мно­гу­број­ни­те актив­но­сти што ги има­ме во рам­ки­те на фе­сти­ва­лот. По­крај ве­чер­ни­те прет­ста­ви, и оваа го­ди­на, во но­ва­та „Ма­ла сце­на“ при Уни­вер­зал­на са­ла ќе се слу­чу­ва­ат мно­гу дру­ги актив­но­сти. Ту­ка се днев­ни­те те­мат­ски ра­бо­тил­ни­ци, пред­во­де­ни од го­сту­вач­ки­те те­а­три, на­ме­не­ти за учес­ни­ци­те и за сту­ден­ти­те од на­ши­те фа­кул­те­ти и уни­вер­зи­те­ти за те­а­тар. Тие ќе има­ат мож­ност да ги прос­ле­дат ра­бо­тил­ни­ци­те за „Ма­те­ри­ја­лен те­а­тар“, ко­ја ќе ја одр­жи бу­гар­ски­от ре­жи­сер Пе­тар Па­шов, и за „Текст. Лик. Прет­ста­ва“, ко­ја ќе ја одр­жи ре­жи­се­рот од Ср­би­ја, Вла­ди­мир Цве­јиќ. Го­сти­те од Ро­ма­ни­ја ќе одр­жат ра­бо­тил­ни­ца на те­ма „Ри­та­мот на те­ло­то“. По­крај днев­ни­те ра­бо­тил­ни­ци, на „Ма­ла­та сце­на“, на 12 април, по све­че­но­то отво­ра­ње кон­церт ќе одр­жи ед­на од најв­пе­чат­ли­ви­те ма­ке­дон­ски гру­пи „Ка­ле­ва­ла“, ко­ја пре­ку неј­зи­на­та му­зи­ка до­пол­ни­тел­но ќе нѐ мо­ти­ви­ра­ме да се ос­ло­бо­ди­ме и це­лос­но да се пре­да­де­ме на уба­ви­на­та на жи­во­тот.

Miodrag-Kostic-3

Ја спо­ме­на­вте „Ма­ла­та сце­на“ на Уни­вер­зал­на са­ла – Скоп­је. Да­ли освен „Те­а­тар 007“, до­се­га дру­ги умет­ни­ци изра­зи­ле жел­ба за ра­бо­та во овој про­стор?
КостиќРе­но­ви­ра­ње­то на овој сцен­ски про­стор бе­ше за­ед­нич­ка иде­ја на „Те­а­тар 007“ и на ди­ре­ктор­ка­та на Уни­вер­зал­на са­ла, Ве­ра Бо­шков­ска. Мис­лам де­ка не се згре­ши за овој че­кор за­тоа што во из­ми­на­та­та го­ди­на се по­ка­жа кол­ку бе­ше не­оп­ход­но да се на­пра­ви по­мал сцен­ски про­стор, во кој, пред сѐ, ќе ра­бо­тат не­за­вис­ни умет­ни­ци од си­те об­ла­сти. На на­ше го­ле­мо за­до­волс­тво, во из­ми­на­ти­от пер­и­од се ре­а­ли­зи­раа мно­гу­број­ни те­а­тар­ски прет­ста­ви од ре­дов­ни­от ре­пер­то­ар на „Те­а­тар 007“, ме­ѓу кои: „Си­на­та пти­ца“, „Пос­лед­на­та лен­та на Крап“, „Без збо­ро­ви“, а во­ед­но на „Ма­ла­та сце­на“ се слу­чи­ја и мно­гу му­зич­ки кон­цер­ти, ху­ма­ни­тар­ни на­ста­ни, еду­ка­тив­ни ра­бо­тил­ни­ци, а од октом­ври 2012 го­ди­на во овој про­стор поч­на со ра­бо­та и Учи­ли­ште­то за те­а­тар „Од игра до прет­ста­ва“, во кое чле­ну­ва­ат 60 уче­ни­ци од раз­лич­ни во­зра­сти.

Си­те има­ме свое ме­сто под сон­це­то

Вие лич­но, по­крај те­а­тар­ска­та умет­ност, се ја­ву­ва­те и ка­ко про­ду­цент на фил­мот „За­мис­лен сон“, а сте акти­вен и во раз­во­јот на кре­а­тив­на­та ин­ду­стри­ја. Ка­де е по­го­лем пре­диз­ви­кот?
КостиќВо мо­е­то до­се­гаш­но искус­тво адре­на­ли­нот за ра­бо­та имам и во те­а­та­рот и на ра­бо­та на филм и на про­мо­ци­ја на кни­га или му­зич­ки кон­церт. Ток­му по­ра­ди тоа, од не­о­дам­на ја ос­но­вав и при­ват­на­та „Со­ла­рис про­дук­ци­ја“, чи­ја­што ми­си­ја и цел е про­мо­ви­ра­ње но­ви вред­нос­ни и естет­ски кри­те­ри­у­ми пре­ку фил­мот ка­ко ме­ди­ум на изра­зу­ва­ње, ал­тер­на­тив­на му­зи­ка и кре­а­тив­ни ин­ду­стрии. Пр­ви­от про­ект на „Со­ла­рис про­дук­ци­ја“, во кој, на­ви­сти­на, мно­гу ужи­вав, а бе­ше по­и­на­ков од те­а­тар­ско­то ра­бо­те­ње, е кра­тки­от арт филм „За­мис­лен сон“, про­ект во кој под­лег­нав на ма­гич­но­ста на под­виж­на­та сли­ка и на мож­но­сти­те што ги да­ва оваа умет­ност. За­тоа сме­там де­ка се­кој тој што са­ка да се за­ни­ма­ва со умет­ност, мо­же тоа да го пра­ви не­за­вис­но, а не са­мо по пат на др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции. Си­те ние има­ме свое ме­сто „под сон­це­то“, кол­ку и да зву­чи ка­ко кли­ше. По­втор­но ќе наг­ла­сам де­ка е важ­на иде­ја­та, до­бра­та мис­ла и ре­а­ли­за­ци­ја­та на пред­ви­де­ни­те це­ли. Во оваа про­фе­си­ја, се­ко­гаш и се­ка­де има пре­диз­вик за­тоа што се ра­бо­ти со умет­ни­ци што се пол­ни со по­зи­тив­на енер­ги­ја и со искре­на мис­ла.

Miodrag-Kostic-2

Фе­сти­ва­лот „Ли­ца без ма­ски“ е со нат­пре­ва­ру­вач­ки ка­ра­ктер. Кој сѐ ќе ре­ша­ва за на­гра­ди­те и што се, впро­чем, тие?
КостиќНа ед­на екск­лу­зив­на про­гра­ма, се­ка­ко де­ка ѝ при­ле­га и екск­лу­зив­но жи­ри, кое ќе има те­шка за­да­ча да ре­ши за три­те на­гра­ди и тоа: Гранд-при за нај­до­бра прет­ста­ва во це­ли­на, на­гра­да за нај­до­бра ре­жи­ја и на­гра­да за нај­до­бро актер­ско ос­тва­ру­ва­ње. Има­ме чест и за­до­волс­тво, оваа го­ди­на прет­ста­ви­те да ги оце­ну­ва­ат акте­рот и умет­нич­ки ди­ре­ктор на ве­ле­шки­от те­а­тар Ва­сил За­фир­чев, но­ви­на­рот и те­а­тар­ски кри­ти­чар Со­тир Трај­ков од те­ле­ви­зи­ја „Тел­ма“ и акте­рот и пан­то­ми­ми­чар Дар­ко Ве­љиќ. Што се од­не­су­ва до на­гра­ди­те, оваа го­ди­на тоа се пла­ке­ти, идеј­ни ре­ше­ни­ја на ди­зај­нер­ка­та Ма­ри­ја Ми­ло­шев­ска, во чиј­што ди­зајн, кој е ви­зу­а­ли­за­ци­ја на ло­го­то на фе­сти­ва­лот, е вмет­нат и рач­но изра­бо­тен фи­ли­гран.

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top