| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Ова е љубов – веќе два месеца на исто место со букет чека таа да се појави

Триесет и тригодишниот Виталиј Шакназаров веќе два месеца секој ден на автобуска станица со букет ја чека девојката на неговиот живот, надевајќи се дека таа ќе дојде.

Тој ја запознал фаталната Маријана на таа автобуска станица во градот Иркутска во Русија и таа го освоила по само две минути разговор, по кој му ветила дека утре повторно ќе дојде на истото место.

–          Ја чекав со часови и кога видов дека не доаѓа, решив да бидам упорен и да продолжам со чекањето. Ќе чекам сѐ додека конечно повторно не се сретнеме –  изјави тој за руските медиуми, додавајќи дека не сака да се помири со фактот дека никогаш веќе нема да се видат.

Виталиј сега жали што не ѝ го побарал нејзиниот телефонски број, но се надева дека медиумите ќе му помогнат да ја пронајде неговата голема љубов за која само знае дека се вика – Маријана.

Ирската група „Д скрипт“ ја има совршената песна за маките на Виталиј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top