Во Друштвото на писателите на Македонија во петок (4 март) во 12 часот ќе се одржи манифестацијата „Стихови за жената и љубовта“ на која ќе настапат 30 автори од различни генерации.
Средбата се одржува во пресрет на Меѓународниот ден на жената 8 март, а во знак на поддршка и афирмација на творештвото што го создаваат писателките.
Организатор на манифестацијата е Клубот „Даница Ручигај“ при ДПМ, а програмата ќе ја води Александра Велинова.
За писателките и за сите присутни на средбата од поубавиот пол, цвеќарата „Камелија“ обезбеди рози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поезија од Јовица Тасевски Етернијан објавена на српски јазик
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре