Заменик-помошникот државен секретар во американскиот Стејт департмент Брајан Хојт Ји денеска ќе престојува во посета на Република Македонија.
Како што е најавено, заменик помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД Хојт Ји, ќе биде примен од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
На средбите со македонските соговорници се очекува да стане збор за актуелната политичка ситуација во Македонија и за спроведувањето на Договорот од Пржино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.