| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарен настан за Денот на жената

Слаткарницата „Меџик кејк“ (Magic Cake) и „Борка“ – Здружение за борба против ракот во име на хуманоста на 7, 8 и 9 Ммарт во слаткарниците на „Меџик Кејк“ првпат во Македонија ќе организира еден сладок и хуман настан под мотото „Подарете љубов и хуманост за Денот на жената“.
80ac701b-fbe9-48f8-b00a-9e170c3f55ee
„Подарете букет од рози со мирис на чоколада“ ја раскажува приказната на слатките задоволства.
Со купување на еден десерт со осмомартовска декорација се донира 10 отсто од вредноста на производот како хумана поддршка за потребите на Здружение за борба против ракот – „Борка“.
Десертите и сите слатки задоволства може да ги купите и да донирате во слаткарниците во Козле и во Аеродром и во просториите на здружението „Борка“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top