Реал Мадрид им се врати на победите во Примера дивизија откако доживеа непријатен пораз во градското дерби од Атлетико Мадрид и по серијата обвинувања меѓу фудбалерите.
„Кралевите“ славеа рутинска победа од 3-1 на гостувањето кај Леванте, иако играта која ја прикажаа избраниците на Зидан беше далеку под нивото на најтрофејниот европски клуб. Клучен беше финишот од првото полувреме, во кое Роналдо погоди од пенал за 0-1, а веднаш потоа следеше и вториот погодок за „кралскиот клуб“, автогол на домашниот голман откако топката го удри во грб по шутот на Мајорал што заврши во дирекот.
Леванте намали на 1-2 во последната минута од полувремето, а сите дилеми околу победникот беа разрешени дури во финишот, кога Иско ги постави конечните 1-3.
Во останатите денешни натпревари од 27.коло во Примера дивизија беа постигнати следните резултати:
Атлетик Билбао – Ла Коруња 4-1, Селта – Вилјареал 0-0, Малага – Валенсија 1-2, Севилја – Еибар 1-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)