| четврток, 6 декември 2018 |

Линѕи Вон дефинитивно ја заврши сезоната

linzi von

Скијачката сезона заврши предвреме за Линдзи Вон. Американската скијачка одлучи да не се бори за петта титула во Светскиот куп по повредата на коленото која ја заработи мината сабота за време на Супервелеслалом трка во Андора. Иако ден потоа постави 13. најбрзо време и со тоа ја зголеми преденоста во светскиот ранг за 28 поени пред второпласираната Лара Гут, Вон одлучи да ги откаже настапите до крајот на тековната сезона.

– Денес ја донесов најтешката одлука во мојата кариера. Кога се повредив во Андора, првичните прегледи покажаа дека нема да има потреба да отсуствувам од патеките. Потоа заминав во Барселона на подетални прегледи кои покажаа дека немам само една фрактура, туку три и тоа подлабински од првичната дијагноза. Доколку продолжам да скијам со исто темпо, постои веројатност да ја зголемам повредата, со што би ја ризикувала мојата кариера во целост. Поради тоа одлучив да ја завршам сезоната пред време. Задоволна сум од досегашните успеси: Девет победи во Светскиот Куп, поставување на нов рекорд во Спуст, како и на нов рекорд за подиуми во Супервелеслалом во Светскиот куп. Им благодарам на сите за поддршката, ви посакувам успешна сезона. Се гледаме наредната година – напиша Линдзи Вон на својот профил на Инстаграм.

lindzi von

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top