Откако вчера шпанскиот реномиран весник „АС“ излезе со тврдење дека актуелниот тренер на Атлетико Мадрид Диего Симеоне од ова лето ќе се пресели во Милано и ќе го преземе Интер, веќе денска од таборот на „јорганџиите“ соопштуваат дека тимот за следната сезона ќе биде конструиран по мерка токму на популарниот „Чоло“.
Атлетико Мадрид заработи многу пари од продажбата на Џексон Мартинез, а раководството планира да ги потроши на квалитетни засилувања во текот на летниот преоден рок. Се најавува дека Стеван Јоветиќ ќе биде замената за Фернандо Торес, кој ќе го напушти „Висенте Калдерон“ на крајот од сезоната, а шпанскиот весник „Ас“ пренесува дека тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне, веќе почнал да ја составува и листата на играчи кои посакува да го облечат дресот на неговиот тим.
Први цели се Александре Лаказет, Одион Игало и Евер Банега. За одличниот француски напаѓач Лаказет постои огромен интерес од многу европски клубови и во изминатиот зимски преоден рок, но тој реши да остане во Лион до крајот на сезоната. Се очекува дека Атлетико Мадрид ќе понуди многу повисока сума од 30 милиони евра, кои не беа задоволителни за управата на Лион.
Одион Игало оваа сезона е еден од најдобрите напаѓачи во Премиер-лигата, со 14 погодоци, и го привлече вниманието на уште неколку екипи, а тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, би сакал со Игало, Јоветиќ и Лаказет да го формира новото напаѓачко трио на тимот.
Стеван Јоветиќ оваа сезона настапува во Интер, како позајмен играч од Манчетер сити, но, сигурно е дека ќе ги промени клупските бои по завршувањето на сезоната, а, според шпанските медиуми, Атлетико Мадрид ќе понуди 16 милиони евра за неговите услуги.
Евер Банега беше поврзуван со трансфер во Интер, но, тој ги отфрли шпекулациите за премин во тимот од Милано. Раководството на Атлетико Мадрид во него гледа како идеално решение за освежување на средниот ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.