| четврток, 6 декември 2018 |

Милан со „петарда“ до финалето во купот (видео)

milan-alessandria-010316

Со вкупни 6-0 против Алесандрија екипата на Милан се пласираше во финалето на купот на Италија.

Во првиот дуел со послабиот противник резултатот беше 1-0 за гостите, а денес на „Сан Сиро“ тимот на Синиша Михајловиќ славеше со високи 5-0.

Првиот гол го постигна Менез, по асистенцијата од Хонда, „росонерите“ поведоа во 20. минута со 1-0. Четири минути подоцна Ромањоли ја зголеми предноста, а Менез повторно беше прецизен во 39. минута за 3-0.

И Ромањоли постигна уште еден погодок за недостижни 4-0, а во 89. минута точка на натпреварот стави Марио Балотели.

Во финалето Милан ќе игра со победникот од дуелот меѓу Јувентус и Интер. Првиот натпревар во Торино „старата дама“ го доби со 3-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top