Вечерва се одиграа пет натпревари од 28. коло во англиската Премиер лига.
Тимот на Клаудио Раниери, лидерот во Премиер лигата, Лестер не успеа да ги освои трите бода на домашен терен против екипата на Вест Бромвич Албион.
Први поведоа гостите преку Саломон Рондон во 11. минута по одличното додавање од Флечер. По 20 минути, домашниот Лестер успеа прво да го израмни резултатот преку Дринквотер, а пред самиот крај на првото полувреме по одличната асистенција на Марез, за пресврт прецизен беше Кинг, замената за повредениот Нголо Канте.
Доста посериозно влегоа во вториот дел играчите на ВБА, што брзо резултираше со гол на Гарднер во 50. минута за израмнување на резултатот, 2-2.
Домашните „лисици“ имаа повеќе шанси до крајот за погодок, но сепак среќата беше на страната на гостите и извлекоа бод од тешкото гостување.
Лестер мора да добива вакви дуели доколку сака да опстане во борбата за титулата до самиот крај. Веќе уште утре Тотенхем има шанса да го превземе првото место доколку победи во гости против Вест Хем.
Челси продолжува со одличните настапи.
Гус Хидинк ја „оживеа“ екипата. На денешното гостување кај Норич „сините“ славеа со 2-1. По само 40 секунди од почетокот на натпреварот Кенеди го постигна својот прв гол во дресот на Челси.
Пред самиот крај на првото полувреме Диего Коста постигна гол, кој иако беше од офсајд, линискиот судија не се огласи и Челси поведе со 2-0. Инаку, ова е само една од повеќето лоши судиски одлуки на овој натпревар.
Немоќен беше Норич, контролата ја имаше Челси, до крајот на натпреварот домашниот тим успеа само да го намали резултатот на 1-2 преку Редмонд во 68. минута.
Резултати:
Норич – Челси 1-2
Сандерленд – Кристал Палас 2-2
Астон Вила – Евертон 1-3
Бормут – Саутемптон 2-0
Лестер – Вест Бромвич Албион 2-2
Утрешни натпревари:
Арсенал – Свонси
Вест Хем – Тотенхем
Стоук – Њукасл
Ливерпул – Манчестер Сити
Манчестер Јунајтед – Вотфорд
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)