| четврток, 6 декември 2018 |

Пекол во редовите на „црвените ѓаволи“

Louis-Van-Gaal-Manchester-United

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Луис Ван Гал се наоѓа во екстремно незавидна позиција. Вистински пекол се случува во неговиот тим, на големи маки е да комплетира еден состав.

Бројот на повредени играчи во Манчестер Јунајтед расте од ден на ден. Последен во низата е 21-годишниот Доналд Лов кој своето деби во дресот на „црвените ѓаволи“ го имаше во Лига на Европа на гостувањето кај Митјиланд. Младиот Лов се приклучи на листата од 17 повредени „ѓаволи“, што претставува огромен проблем за Ван Гал пред утрешниот дуел против Ватфорд.

Јунајтед моментално има најмногу повредени играчи во Премиер лигата и е вистинско чудо што се уште заостанува само четири бода од водечката „четворка“ на островот. Во големата победа над Арсенал на „Олд Трафорд“ минатиот викенд, Ван Гал во тимот имаше тројца дебитанти, Маркус Рашфорд, Џејмс Вир и Тимоти Фосу-Менса и со тоа стигна до бројка од 33 играчи кои излегле на теренот оваа сезона.

Листата на повредени во Манчестер Јунајтед:

Вејн Руни,
Ешли Јанг,
Фил Џонс,
Антонио Валенсија,
Матео Дермијан,
Лук Шо,
Крис Смолинг,
Маруан Фелаини,
Бастијан Швајнштајгер,
Ентони Мартиал,
Доналд Лов,
Маркос Роџо,
Сем Џонстон,
Камерон Бортвик-Џексон,
Аксел Туанзебе,
Шон Гос,
Вил Кин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top