Драмскиот театар-Скопје, кој годинава прославува седум децении постоење, ќе добие нов објект на местото на постојниот. Министерството за култура веќе го објави тендерот за изведувач и понудите ќе бидат отворени по еден месец.
Може да се очекува на крајот на април, почетокот на мај, да почне изградбата на нов театар на местото на сегашниот Драмски. Објектот ќе биде доста функционален, со најсовремена сценска технологија по сите светски стандарди. Сите проекти се изработени на највисоко ниво. ДТС ќе има две сали – една поголема, со 397 седишта, повеќе отколку сегашните 330, и ќе има помала сала до сто седишта. Вкупната бруто површина на целиот објект е 17.700 метри квадратни, со целосно партерно уредување.
На заеднички состанок со директорите на сите театри во Скопје ќе биде утврдена распределба на термини и локации за нивните претстави додека трае изградбата на ДТС, со оглед дека привремен простор за изведби им е потребен и на Албанскиот и на Турскиот театар зашто во тек се градежни работи за нивните објекти и тие сега работат во Театар Комедија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.