| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал: Свештеник снимен како шмрка кокаин, но тоа не е најстрашното нешто што го направил (видео)

Британскиот католички свештеник, Стивен Кросан е снимен како шмрка кокаин во својата соба, во рамките на црквата. Снимката наводно и претходела на дводневна пијанка, а сведоци тврдат дека Кросан во својата соба има истакнати нацистички обележја, како орел со свастика.

На снимката се слуша како свештеникот изговара: „Не смеам ова да го правам“, а потоа вовлекува кокаин низ носот со помош на хартиена банкнота.

Кога избил скандалот Кросан на британските медиуми им признал дека користел дрога додавајќи дека тоа „било само еднаш“ и дека не е зависник.

– Стивен беше непрепознатлив. Во еден миг ја стави капата и направи нацистички поздрав. Тоа не шокираше-рече еден член на црквата.

Инаку, во моментот кога настанала контраверзната снимка свештеникот бил на боледување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top