По неколкуте јавни реакции на владиката Пимен, пратеникот Димитар Стевананџија упати, како што вели „неколку добронамерни пораки“ до митрополитот на европската епархија.
„Прво, не ти личи како свештено лице, а најмалку како владика секојдневно да се препираш со кој ќе стигнеш. Едно време се препираше со ВМРО-ДПМНЕ, сега со Тодор Петров, а попат и со илјадници граѓани кои не мислат како тебе. Свештено лице си, плус владика, а не си ни новинар, ни политичар, ниту аналитичар. Ако не си задоволен од работата како владика, чесно е да ја соблечеш мантијата и да отидеш во политика, искажувајќи политички ставови, секој ден, па може да се пробаш и на избори, и доколку те изберат смени нешто, тогаш ќе имаш легитимитет за тоа. Ако сакаш, може да отидеш и во СДСМ, или во некоја друга партија, ама и владика и политичар не бива истовремено. А јавно се зборува дека пред да се запопиш си бил во некој месен комитет на ВМРО ДПМНЕ во Ресен или таму некаде“- му посочува Стевананџија.
„МПЦ-ОА има многу проблеми. Од непризнаена црква, до внатрешен раскол во синодот кој стана и јавен преку јавните препукувања и обвинувања на владиците меѓу себе, од аферите за финансиски проневери, до изгубеноста на МПЦ во општеството. Од скандал во скандал влегувате. Твоето однесување е како да ги решивте сите проблеми кај вас во сопствениот двор, па сега државата и политиката ќе ја оправате. Секој ден се повеќе со таквите изјави ја рушиш сопствената и колективната слика за она што им е значајно на граѓаните. Ако толку сакаш да си актуелен по медиумите, ако си станал зависен од тоа да те има во јавноста секој ден смисли нешто попаметно што му лични барем на едно свештено лице, ако веќе не можеш да смислиш нешто достојно за владика“- додава пратеникот преку Фејсбук.
„И на крај, гледам многу си мераклија да се правиш со сила жртва. Демек крстот си го носел, те плукале, а ти демек не си возраќал… прилично инфантилно. Ниту некој те доживува како жртва, ниту со овие смешни обвини за глумење жртва и светец некој те зема за сериозно. Ќе се закачиш со половина, ако не и со цел народ, ќе кажеш нешто недоветно, па ќе те распукаат повратно еден куп луѓе со одговори на твоите неотесани ставови, па кога немаш каде, ајде правење жртва како најсигурно засолниште. Дај те молам порасни, созреј за улогата што треба да ја имаш и носиш“- јавно реагира Стевананџија на реакциите на владиката Пимен, за што, додава одговорност има и Архиепископот.
„За ова има одговорност и Архиепископот што вакви недоквакани незрели личности ги намести за владици. Дали за да може полесно да си ги мота како што сака, и да е интелектуално надмоќен над нив, дали му се некоја негова нова погрешна проценка не знам, ама треба да знае дека јавните настапи на ова дереџе одат и на негова штета. Тој ги донесе во синодот на МПЦ и никој друг. И така свој простор добиваат егзибиционисти како Пимен кој заради експонираност во јавноста е спремен на сѐ, па и гол да претрча ако треба, а камоли да се прави мудар за да ги воодушеви тие што сакаат да му се воодушевуваат, оние што се нарекуваат интелектуалци од левицата. Пимен е реакција на реакцијата“- додава пратеникот Димитар Стевананџија во јавната порака до митрополитот на европската епархија.
Ваквата порака кон Пимен доаѓа по неговите реакции преку социјалните мрежи за случувањата поврзани со поставувањето на крстот во Бутел, како и повторната реакција на владиката, откако јавноста реагираше на неговите ставови.
„Додека во светот спомен-обележјата се ставаат како симбол за крај на крвпролевањата, кај нас се ставаат орли и крстови за да почнат безумствата“- објави владика Пимен на „Фејсбук“, за потоа да напише дека „се предава“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пазарењето со идентитетот на МПЦ ќе донесе раскол: Пимен е за МПЦ, а за Тимотеј името ОА е прифатливо
-
Нов скандал во МПЦ (?): Владиката Пимен на вечера со Радмила Шекеринска (фото)
-
Стевананџија: Во Собрание поканете ги студентите, МАНУ или земјоделците, наместо луѓето донесени за навивање
-
Стевананџија до Николовски: Човек кој го поддржа пучот денес ги навредува бранителите (видео)