Од денеска секој прв и трет викенд во месецот младите до 27 години ќе можат бесплатно да патуваат со воз низ Македонија. Ова е новата мерка бесплатен викенд која ја најави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.
– Мерката беше започната во 2014-та година и досега важеше само во третиот викенд од месецот, а сега се надогради и младите добиваат уште еден викенд за бесплатно користење на железничкиот превоз – рече Груевски.
Груевски денес потенцира дека младите лица можат да ја користат мерката во посочените викенди почнувајќи од петок на пладне до понеделник до 12 часот.
-Тоа е една извонредна можност затоа што оваа мерка која досега ја воведовме покажа дека 52.000 млади лица ја искористиле можноста и заштедиле околу 18 милиони денари. Тоа е голема заштеда за младите лица, тоа се лица кои не располагаат со големи средства затоа што се во време на развој, учење, студирање. Многу од нив се уште не се вработени, па зависат од нивните родители. Кога на нив ќе им се овозможи такво нешто, тоа за нив е доста значајно и ја зголемува нивната мобилност, нивното движење и им прави сериозни заштеди, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.