Полската Ракометна Федерација денеска со почеток во 12 часот и официјално ги пушти во продажба билетите за претстојниот предолимписки турнир што од 7 до 9 април ќе се игра во Гдањск. Полјаците, кои ќе бидат први противници на Македонија на овој турнир, се решија за популарни цени, па така билетите ќе бидат во износ од 14 до 24 евра дневно. Воедно, организаторите нудат и пакет-билети, што би значело плаќање на вкупно 35 евра (најевтините), 50 евра (средна категорија) и 60 евра (најскапите влезници).
Купувањето на билети може да се врши преку следната веб-страница.
Натпреварите од предолимпискиот турнир ќе се играат во „Ерго Арена“, која за ова натпреварување ќе има капацитет од 10.500 места (вкупниот капацитет при изградбата изнесуваше 11.409 седишта).
Само за потсетување, Македонија на првиот натпревар на 7 април ќе се сретне со Полска, веќе во следниот ден ќе ги одмери силите со Тунис, а за 9 април е закажан мечот со селекцијата на Чиле.
Македонија секогаш има значајна поддршка на трибините за време на големите натпреварувања, па сигурно истото ќе биде случај и во Гдањск, особено откако домаќините се решија за популарни цени на влезниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.