| четврток, 6 декември 2018 |

Спортска трагедија во Турција, се преврти автобус и загинаа двајца ракометари

tragedija

Турција ја погоди спортска трагедија откако двајца ракометари на екипата на Адијаман Беледијеспор го загубија животот во сообраќајната несреќа што се случи во регионот Сариз. Автобусот што ја пренесувал екипата на гостувањето против Кајсери излетал од патот, по што се превртел.

Епилогот е трагичен – на самото место починал 21-годишниот Садин Унлу, додека 20-годишниот Ахмет Езтурк им подлегнал на повредите во болницата во Кајсери.

Покрај ова се повредени уште 12 членови на експедицијата на Адијаман Беледијеспор, чиишто мечеви за следните десетина дена се веќе одложени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top