Претседателот на италијанскиот калчолигаш Палермо, Маурисио Зампарини, кој важи за човек ’без влакна на јазикот’, даде уште една контроверзна изјава, напаѓајќи го новоизбраниот прв човек на ФИФА. Џани Инфантино. Тој смета дека Швајцарецот победил во изборот за претседател на Светската фудбалска организација, затоа што купил повеќе гласови од шеикот Салман бин Ебрахим Ал Калифа.
– Тој е избран само затоа што купил повеќе гласови од шеикот Ал Калифа. Не верувам нека ништо воопшто ќе се промени во светскиот фудбал. И да, ако сакаат, може и да ме суспендираат за оваа моја изјава, но тоа е вистината – изјави Зампарини.
Овој негов став сигурно ќе предизвика бура од реакции во наредните денови во Италија, но и во целиот фудбалски свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.