| четврток, 6 декември 2018 |

Фиорентина и Наполи му направија услуга на Јувентус, одиграа само 1-1 (видео)

Fiorentina vs Napoli

Фиорентина и Наполи во првите седум минути ја одлучија меѓусебната пресметка за реми (1-1) на последниот натпревар од 27. коло во Серија А.

Погодоците на дуелот во Фиренца се случија во првите седум минути од средбата, а потоа се остана исто и покрај тоа што и двете екипи имаа можности и за промена на резултатот.

Фиорентина дојде до водство во 6. минута со погодокот на Алонсо, а веќе во следната минути Игуаин го израмни резултатот. Овие два гола се покажаа и единствени потоа до крајот на средбата. Иако и двете екипи имаа шанси за по уште некој гол погодувајќи гредите од противничките голови, тоа не се случи. Со овој нерешен резултат најмногу профитираше Јувентус кој се издвои на табелата со три бода предност пред Наполи, додека Фирентина се израмни на третото место со 53 бода колку што има и Рома.

Вториот натпревар од италијанското првенство го одиграа екипите на Лацио и Сасуоло на „Олимпико“ во Рим. Славеше гостинската екипа со 2-0 со головите на Беради и Дефрел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top