Германската компанија од текстилната индустрија STS Textiles, денеска најави браунфилд инвестиција во Демир Хисар. Првичната инвестиција, во капацитетите на поранешна „Застава“ ќе изнесува 4 милиони евра и ќе отвори 150 работни места.
Плановите на компанијата според сопственикот Маркус Туч, се бројот на вработени долгорочно да достигне 1.000.
-Нашата компанија се занимава со текстил, лоцирани сме во Германија, а ова е второто место кое го избравме за да продолжиме со нашето производство. Ние посетивме неколку земји за таа прилика, ги посетивме Холандија, Бугарија, Романија и Македонија, но по напорите што ги вложија Пешевски, Шеќеровски и нивниот тим ние решивме дека треба да инвестираме тука. Регистрацијата на новата компанија ќе се случи во текот на наредната недела. Нашите планови да започнеме со технологијата се однесуваат на првите неколку месеци, на почеток ќе започнеме со вработување на 150 луѓе, а во текот на наредните години во целиот процес ќе се вработат околу 1.000 луѓе. Среќни сме што сме тука и сакаме да им понудиме на луѓето во Демир Хисар и околината да се пријават за вработување, потенцираше Туч.
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски потенцира дека STS Textiles е високо технолошка компанија која лани од германскиот магазин „Менаџер“ е прогласена за најиновативна компанија во оваа дејност во Германија. Влезот на СТС Textiles на македонскиот пазар, според Пешевски, ќе овозможи директни и индиректни вработувања, воведување нови технологии, трансфер на знаења и вештини на локалното население, развој на демирхисарскиот регион и намалување на невработеноста.
– За граѓаните на Демир Хисар по подолго време ова ќе значи конечно отворање нови перспективи во поголем износ. Претходните инвестиции помогнаа, но со оваа инвестиција ќе се постигне драматично намалување на невработеноста во општината, иако овој тренд беше позитивен и во изминатите години. Согласно статистиките бројот на невработени во општина Демир Хисар континуирано се намалува, но мислиме дека со инвестицијата на СТС Textiles оваа цифра конечно ќе стане многу ниска и оти општина Демир Хисар од неразвиена постепено ќе се приклучи кон се поголемиот број општини со ниска стапка на невработеност, рече Пешевски.
Климент Шекеровски, заменик-директор на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и учесник во преговорите за инвестицијата, нагласи дека вложиле многу труд и време да го убедат менаџментот на компанијата дека Макеоднија е добар избор за нив и оти Владата и општината ќе бидат нивен партнер којшто целосно ги поддржува во реализација на инвестицијата.
-По влезот на рускиот Гришко во 2013 година, уште еден странски инвеститор ги препозна одличните бизнис услови, кои ги нуди овој регион и одлучи да реализира нова браунфилд инвестиција која ќе отвори нови перспективи и можности за вработување на локалното население, истакна Шекеровски.
Очекувања за економски развој на демирхисарскиот регион од новата инвестиција изнесе градоначалникот на Демир Хисар Љупчо Блажевски. -По паузата создадена како последица на мрачните транзициски години повторно ќе се запалат светилките на производствените погонеи на поранешна „Застава“ во Демир Хисар. Во изминатиот период нашиот потврден германски бизнис партнер СТС Textiles развиваше проектна идеја и бизнис план за инсталирање производствена технологија што ќе обезбеди нови вработувања, рече Блажевски.
На објавувањето на инвестицијата присуствуваа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, министерот за странски инвестиции Џери Наумов, како и градоначалникот на Демир Хисар, Љупчо Блажевски.
Инаку, оваа инвестиија Груевски ја најави на 24-ти јануари годинава, при обраќањето на Годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
-Она што претходно го најавив, денес се остварува. Официјално е потврдено дека германската компанија STS Textiles ќе инвестира во Република Македонија, напиша денеска на својот ФБ профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места
-
Груевски: ОДВ Електрик го стартува новиот објект во зоната Охрид- Струга, инвестиција на која долго работевме