Опсадата на Сараево, една од најдолгите во модерната историја, окончана е точно пред дваесет години. За време на неа загинаа и Бошко Бркиќ и Адмира Исмиќ, познати како сараевските Ромео и Јулија, а ниту една страна не ја презеде одговорноста за нивното убиство.
Опсадата на Сараево беше завршена на 29 февруари 1996 година по 1425 дена. За тоа време од околните ридишта на Сараево дневно паѓаа по 330 гранати, а на 22 јули 1993 година на жителите биле испукани рекордни 3777 гранати. За време на опсадата страдале 10 000 луѓе, помеѓу кои 1500 деца, а градот останал без вода, храна и струја.
Љубовта која ја уби куршум
Крајот на опсадата не го доживеале ниту Бошко Бркиќ и Адмира Исми, сараевските Ромое и Јулија. Загина во обид да избегаат од војна зафатена Босна и Херцеговина. На Врбања мостот на 18 мај 1993 година биле погодени со снајпер.
Младите и вљубени, Србин и Босанка, православец и муслиманка, во време кога речиси тоа беше невозможно, подготвуваа венчавка и бегство од неподносливата стварност. Нивната средношколска љубов по деветте години ја прекина куршум, а никогаш не се дознало од која страна било пукано, поточно чиј бил смртниот истрел.
Нивните тела седум дена лежеле на улица. Војската на Република Српска ги извлекла нивните тела од мостот и ги погребала во Лукавица. По завршувањето на војната на иницијатива и желба на родителите на Адмира, нивните посмртни останки биле префрлени на горбишатата „Лав“ во Сараево и биле погребани заедно.
Мајката на Бошко смета дека тие како и Роме и Јулија станаа една од оние двојки кои никогаш не се забораваат. Само што таа додава дека нивните семејства не биле против нивната врска, како што беше случајот со трагичниот пар на Шекспир.
За нив се снимени неколку документарни филмови. „Забрањено пушење“ ја снимиле песната со име „Бошко и Адмира“, а истото го сторил и пејачот Бил Маден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неред по улиците на Сараево: Воени ветерани уништуваат и кршат што ќе стигнат (видео)
-
Tрадиционалниот концерт на Сараевската филхармонија, оваа година во знакот на Македонија
-
Сараево подготвено го пречекува Ердоган
-
Ниту смртта не можеше да ги раздели: Пред 25 години беа убиени сараевските Ромео и Јулија