| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца директори обвинети за хаваријата во „Фукушима“

fukusima4Тројца поранешни директори на јапонската нуклеарна централа „Фукушима“ се обвинети за несовесно работење и негрижа, кои довеле до сериозниот инцидент на нуклеарката во март 2011 година.

Меѓу обвинетите е поранешниот претседател на компанијата „Токио Електрик Пауер“ (ТЕПКО) и двајца директори, кои наскоро ќе бидат изведени на судење.

Минатата година еден граѓански панел заклучи дека раководство на „Фукушима“ треба да биде обвинето и да му се суди за она што се случи во нуклеарката пред безмалку три години.

radiation-fukushimaПретходно, Јавното обвинителство не подигна обвинија против менаџерскиот тим на ТЕПКО, која е сопственик на нуклеарката, објаснувајќи го тоа со недостиг на цврсти докази.

Промената е направена по решението на граѓанскиот панел кој смета дека мора да има одговорност за она што се случи.

Правни експерти објаснуваат дека новата позиција на Обвинителството, е резултат на решението на панелот, што претставува „мошне редок случај во правната пракса“ на Јапонија.

fukusimaНуклеарната централа претрпе тешки оштетувања по катастрофалниот земјотрес и цунамито што потоа се појави.

Во земјотресот во 2011 година, кој бепе еден од најсилните во јапонската историја, загинаа над 16 илјади лица, а други 2.500 се уште се водат како исчезнати. Никој од жртвите не е поврзан со хаваријата во „Фукушима“ од каде истече радиоактиван вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top