| четврток, 6 декември 2018 |

Маја Сокач со фантастична игра против Савехоф го комплетираше одличниот викенд на Вардар

maja sokac

 

Левото крило на Вардар, Маја Сокач, се најде меѓу „трите ѕвезди“ на колото во Лигата на шампионите, по одличниот настап што оваа ракометарка го имаше на гостувањето против Савехоф. Со седум гола таа беше најефикасна во редовите на „црвено-црните“, а за пласман на Ф4 на „вардарки“ ќе им биде неопходно Сокач повторно да биде на највисоко ниво, во претстојниот четвртфинален двомеч против Ларвик.

Токму бекот на Ларвик, Тине Станге, и прави друштво на Сокач меѓу „трите ѕвезди“ за ова шесто коло од Лигата на шампионите, по одличното издание и осумте гола на гостувањето против Флури.

Третата ѕвезда на изминатата рунда е Нереа Пена од ФТЦ Будимпешта, која одигра фантастичен натпревар против Баја Маре.

Видеото со „трите ѕвезди“ може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top