Српскиот голман во редовите на РК Вардар, Страхиња Милиќ е творецот на големата победа на неговиот клуб во претпоследното коло од Лигата на шампионите против Пик Сегед.
Популарниот „Џамбо“ беше фантастична замена за Арпад Штербик меѓу стативите и мечот го заврши со 13 одбрани. Тоа не беше незабележано и од европската куќа на ракометот која заслужено го избра во идеалниот состав на колото.
Воедно Милиќ со една од своите одбрани беше избран во топ-5 одбрани на колото и тоа на второто место.
Најдобрите пет одбрани може да ги погледнете ОВДЕ.
Тим на Колото:
ГОЛМАН: Страхиња Милиќ (Вардар)
ЛЕВО КРИЛО: Штефан Сигурмансон (Некар Левен)
ЛЕВ БЕК: Стипе Мандалиниќ (Загреб)
СРЕДЕН БЕК: Расмус Лауге (Флензбург)
ДЕСЕН БЕК: Ласло Наѓ (Веспрем)
ДЕСНО КРИЛО: Гаспер Маргуч (Веспрем)
ПИВОТ: Растко Стојковиќ (Мешков Брест)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)