| четврток, 6 декември 2018 |

Аудиција за членување во детски хор на МОБ

Македонската опера и балет ќе формира детски хор „Фалсето“ во кој ќе може да членуваат деца на возраст од 9 до 14 години.

МОБ соопшти дека членството во хорот е бесплатно и ги покани заинтересираните да дојдат на аудиција на 5 март во 18 часот во салата Империјал – преку службениот влез на МОБ.

Пријавувањето за аудиција е до 12 часот на 4 март 2016 година, на електронската адреса: falsetto@mob.com.mk.

– Овозможете му на вашето дете да научи правилно да пее, да другарува и да се смее. Да ја почувствува сцената и да ја освои публиката, преку песна и забава да влезе во светот на музиката и уметноста, пишува во повикот на МОБ до заинтересираните родители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top