| четврток, 6 декември 2018 |

„Победниците“, романот-победник на наградата „Букселер“, конечно на македонски јазик

Романот „Победниците“ од Рој Јакобсен, кого го нарекуваат „најдобриот раскажувач од времето на Кнут Хамсун до денес“ издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави на македонски јазик. Преводот на македонски е на Искра Бадева.

8f78185f-6da7-4c5d-a9aa-0b725ac26dd6

 

Најдиректен опис во норвешката книжевност на општествениот феномен наречен „големото класно патување“ – социјалното издигнување на норвешкото население во XX век. Од перспективата на едно семејство се прикажани условите за живот на обичниот човек во Норвешка во минатите 80 години, при што со огромна брзина економијата од земјоделско-рибарски ориентирана се трансформирала во постиндустриска, технолошки напредна, со голем број можности и со благопријатни околности. Големиот пробив на Јакобсен се случил токму со овој роман, кој му носи широка публика и одлични критики. „Победниците“ е добитник на наградата „Букселерс“ и на престижната Награда на книжевните критичари од Норвешка. Книгата е објавена со поддршка на програмата„Креативна Европа“ на Европската унија.

Рој Јакобсен (1954) е еден од највлијателните современи писатели од Норвешка. Автор е на книга раскази, романи, биографии, како и на книги за деца. Од сензационалното деби, се развил во оригинален и моќен автор со посебен интерес во психолошката страна на човечките односи. Член е на Норвешката академија за книжевност и јазик.

Искра Бадева е родена во Скопје во 1980 година. Како вљубеник во културата и литературата на Северот ги има завршено студиите по скандинавистика на Софискиот универзитет во 2007 година. Живее и работи во Скопје. Преку своите преводи се надева дека ќе ја разбуди љубопитноста на македонските читатели кон историјата, секојдневјето и кон начинот на размислување на северните народи, толку далечни и поинакви од нас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top