| четврток, 6 декември 2018 |

Барса продолжува да ниже победи, на „Камп Ноу“ падна и Севилја (видео)

FC Barcelona vs Sevilla FC

Актуелниот шампион на Шпанија и лидер на табелата, Барселона продолжи со серијата на победи и вечерва во дуелот против Севилја на „Камп Ноу“. окму Севилја беше што им го нанесе последниот пораз на избраниците на Луис Енрике, пред повеќе од четири месеци, а дека станува збор за незгоден ривал се виде и на почетокот на „Камп ноу“ откако гостите први дојдоа во водство преку Витоло.

Меси со еврогол од слободен удар израмни на 1-1 уште во првото полувреме, а конечните 2-1 беа поставени на почетокот од вториот дел, откако Пике со гол ја круниса прекрасната акција на Меси и Суарез. Севилја одигра храбро, создаде и неколку убави можности, но не успеа да стигне до израмнување, па Барса ја забележа својата 21.победа сезонава.

Каталонскиот гигант сега има вкупно 66 бода, осум повеќе од Атлетико и дури 12 повеќе во однос на Реал Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top