Со рутинската победа на Будуќност над Митјиланд (27-21) и официјално заврши групната фаза од Лигата на шампионите, по што се познати и четвртфиналните двојки за елитното европско натпреварување.
Она што е најзначајно за нас, македонскиот првак ЖРК Вардар како третопласиран од својата група за место на фајналфор турнирот во Будимпешта ќе се бори со Ларвик, норвешкиот шампион што го освои второто место во групата 1. Само за потсетување, „вардарки“ и лани беа третопласирани во оваа фаза и добија тежок ривал, тогашниот европски првак Ѓер, кого сепак успеаја да го елиминираат на патот до Ф4.
Едно е сигурно, на фајналфор турнирот ќе има екипа од Унгарија, откако двата претставници на оваа земја, Ѓер и ФТЦ Будимпешта ќе ги одмерат силите во меѓусебен двомеч. Европскиот шампион Будуќност ќе се сретне со Баја Маре од Романија, додека победникот од групата 1, рускиот состав Ростов, е фаворит во пресметките со ЦСМ Букурешт.
ДВОЈКИ
Ларвик – ЖРК Вардар
Ѓер – ФТЦ Будимпешта
Будуќност – Баја Маре
Ростов – ЦСМ Букурешт
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.