| четврток, 6 декември 2018 |

Христо Петрески добитник на прва награда за краток расказ во меѓународна конкуренција

На десеттиот интернационален конкурс за најкраток расказ на списанието за книжевност, уметност и култура „АКТ“ учествувале 142 автора со над 900 раскази од Србија, Македонија, Република Српска, Хрватска, Бугарија и Канада.

Жири-комисијата, во состав: м-р Душан Стојковиќ (претседател), Данијела Падејски и Дејан Богојевиќ,  донела едногласна одлука првата награда да ја добие Христо Петрески од Македонија за краткиот расказ со наслов „Стан“.

Наградените раскази ќе бидат објавени во списанието за книжевност, уметност и култура „Акт“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top