На десеттиот интернационален конкурс за најкраток расказ на списанието за книжевност, уметност и култура „АКТ“ учествувале 142 автора со над 900 раскази од Србија, Македонија, Република Српска, Хрватска, Бугарија и Канада.
Жири-комисијата, во состав: м-р Душан Стојковиќ (претседател), Данијела Падејски и Дејан Богојевиќ, донела едногласна одлука првата награда да ја добие Христо Петрески од Македонија за краткиот расказ со наслов „Стан“.
Наградените раскази ќе бидат објавени во списанието за книжевност, уметност и култура „Акт“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.