Државната изборна комисија денеска ќе почне со вкрстување на податоците од 11-те институции, со цел да се добие веродостоен Избирачки список во кој и партиите и граѓаните ќе треба да имаат целосна доверба, пишува „Дневник“. Според најавите на ДИК, целата операција на тимот на информатичари ќе трае од 7 до 10 дена. Врз основа на добиените податоци од обемната проверка на базите на подстоците од институциите, ќе следи теренската проверка на спорните или сомнителните записи. Од ДИК се децидни дака на изборите закажани за 5 јуни ќе се оди до веродостоен Избирачки список. Викендов, тимот информатичари кои работат на прибирање на податоците пред членовите на ДИК реферирале дека завршиле со последните тестови и оти вршат проверка на квалитетот на резултатите кои хи добиваат. – Се се одвива според планот и вкрстената проверка на податоците ќе почне в понеделник-изјави Мајкл Бурке, раководител на ИТ експертската група. Од ДИК велат дека се подготвени 30 тестови по кои ќе се врши проверката на податоците на МВР со тие од десетте институции. Веројатно прво ќе се почне со проверка на базата на податоци од Фондот зс здравствено одигурување, како најобемна. На пример, велат од ДИК, ќе се проверуваат активните и пасивните осигуреници. Проверка на дата базата ќе се врши и на Фондот за пензиско, односно преку вкрстената проверка ќе се добијат резултати колку грсѓани се на возраст од нсд 67 години и колку од нив се појавуваат во Избирачкиот спидок. Поентата е да се утврди лицата кои се во Избирачкиот список дека се реални гласачи. Лицата кои фигурираат во повеќе бази на податоци, односно се евидентирсни во евиденвиите на повеќе институции се реални гласачи. – Од досегашните проверки важно е да се каже дека не се откриени лица со два матични броја- вели за Дневник член на ДИК. За „проблемстични“ ќе се сметаат лицата кои при вкрстената проверка нема да се појават во ниту една од базите на податоци, а кои ги има во гласачкиот список, бидејќи имаат државјанство, лична карта или патна исправа. – Ова не значи дека се фиктивни гласачи, туку ќе треба да се провери дали тие граѓани се во странство- вели член на ДИК. По вкрстената проверка, која ќе трае 7 до 10 дена, ДИК ќе треба да подготви анализа на добиените податоци. По ова ќе следи теренска проверка на спорните зсписи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот