| четврток, 6 декември 2018 |

Десетгодишно девојче го даде својот живот за да спаси две бебиња (видео)

Киера Ларсен (10) од Калифорнија го жртвуваше својот живот за да ги спаси своите две малечки пријателки, едногодишната Едисон и двегодишната Ема Џенкинс.Таа скокнала пред возило кое од засега непознати причини тргнало од паркингот и почнало да се спушта по удолница.
devojce-1
Малечите сестри биле пред возилото, но Киера во последен момент успеала да ги турне за да не ги прегази возилото. Меѓутоа „мерцедесот“ забрзано се движел надолу и ја удрил Киера нанесувајќи и тешки повреди.

edison

Храброто девојче почина во болница.
„Ги спаси животите на моите ќерки. Двете можеа да загинат ако таа не скокнеше и не се фрлеше буквално пред автомобилот. Го жртвуваше својот живот без размислување, раскажува мајката на двете спасени девојчиња, Алиса Џенкинс. Адисон и Ема во оваа несреќа се здобиле само со гребаници и по некоја модринка.
emi
-Киера на моите ќерки им беше како постара сестра. Секогаш внимаваше на нив, ги чуваше и се грижеше за неа. Таа беше нивни ангел чувар. Не знам како да и се оддолжам неа и на нејзиното семејство, вели таткото на девојчињата Џонатан Гусич.

Полицијата истражува тако автомобилот сам се придвижил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top