Нова импресивна партија од најдобриот кошаркар во НБА лигата Стеф Кари. Минатогодишниот МВП мораше добро да се испоти против Дурант и Оклахома за да дојде до нова победа од 121-118 по едно продолжение.
Кари успеа и покрај тоа што се пожали на повреда во третата четвртина во продолжение од мечот да постигне 31 поен и со вкупно 46 да го заврши мечот.
Тој успеа да ја погоди и клучната тројка во последната секунда од натпреварот од повеќе од 10 метри со што го измрани рекордот на најмногу тројки во еден меч, 12 вкупно.
Голден стејт сега има скор од 53 победи и пет порази, со што актуелниот првак стана првиот тим по ЛА лејкерс во 1987 година што уште во февруари го обезбедил своето место во плејофот.
Сан Антонио спарс триумфираше на гостувањето во Хјуастон со 94-104. Тим Данкан го блокираше Харден во првата четвртина, со што ветеранот стана само петтиот кошаркар во историјата со 3.000 блокади во НБА-лигата. Леонард со 27 и Олдриџ со 26 поени беа најефикасни кај Сан Антонио, додека Харден постигна 27 поени за Хјустон, недоволно за да се изненадат „мамузите“.
НБА резултати:
Бостон – Мајами 101-89, Чикаго – Портланд 95-103, Хјустон – Сан Антонио 94-104, Милвоки – Детроит 91-102, Оклахома сити – Голден стејт 118-121 (по прод.), Феникс – Мемфис 111-106, Јута – Бруклин 96-98.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)