| четврток, 6 декември 2018 |

Гризман им пресуди на „кралевите“ во градското дерби (видео)

Real Madrid vs Atletico Madrid

Реал Мадрид е се подалеку од борбата за титулата по денешното градско дерби со Атлетико Мадрид бидејќи на „Сантијаго Бернабеу“ загубија минимално со 0-1.
Ова беше прв домашен пораз на Зинедин Зидан како тренер на Реал, откако францускиот стратег не успеа да го најде лекот за извонредната игра во поле на „црвено-белите“ од Мадрид.
„Јорганџиите“ одлично ја котролираа играта и не му даде на Реал да одигра најдобро што знае и со фуризна игра да го скрши отпорот на противникот.
Роналдо се закани од слободен удар, додека на спротивната страна Навас го одбрани шутот од далечина на Гризман, во двете најсериозни шанси во првото полувреме.

Атлетико поведе по само осум минути игра во вториот дел, Гризман одлично го исфрли Луис по левата страна, Бразилецот ја врати топката назад до најдобриот фудбалер на Атлетико, кој со прецизен удар го совлада Кејлор Навас. До крајот на мечот Реал создаде неколку ситуации за израмнување, но „кралевите“ не се снајдоа најдобро во гостинскиот шеснаесетник и сосема заслужено претрпеа нов пораз.

Реал со овој пораз остана на 54 бода и сега има четири помалку во однос на Атлетико, додека „кралевите“ заостануваат огромни девет бода во однос на Барселона, со тоа што каталонците утре ќе го играат својот меч од ова коло во Примера дивизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top