| четврток, 6 декември 2018 |

Нов претседател на Косово е Хашим Тачи

Шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи е избран за претседател на Косово по три круга гласање во косовскиот парламент. Додека траеше седницата на парламентот надовр претставниците на опозицијата фрлаа димни бомби. На улиците на Приштина полицијата се судираше со демонстрантите кои бараа оставка од косовската влада противејќи се на соработката со Србија.

Тачи, претседател на Демократската партија на Косово (ПДК) и актуелен шеф на дипломатијата, беше избран во третиот круг на гласањето со едноставно мнозинство, откако во претходните три круга не го доби потребното двотретинско мнозинство од гласовите на пратениците, а единствениот противкандидат на Тачи му беше партискиот колега Рафет Рама.

За Тачи, кој ќе ја наследи претседателката Атифете Јахјага, гласаа 70 од 82 присутни пратеници, меѓу кои и пратениците на Српската листа.

Парламентот на Косово има вкупно 120 пратеници, а претседателот не може да биде избран без учество на српските претставници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top