Македонскиот преставник во Лигата на шампионите во женска конкуренција екипата на ЖРК Вардар продолжува со одличните партии во вториот дел од сезоната. Вечерва на гостувањето кај Савехоф „црвено-црните“ извојуваа нова победа од 26-29 четврта во низа во последниот натпревар од групната фаза.
Во најдобар период од сезоната избраничките на Индира Кастратовиќ влегуваат во форма бидејќи по овој натпревар следува двомечот од четвртфиналето каде подобриот ќе се најде на завршниот фајнл-фор турнир во Будимпешта.
По почетното водство од 1-2, вардарки несфатливо направија многу грешки и му дозволија на домаќинот со неколку брзи реализации да дојде во висока предност од 10-4. По ова следнуваше тајм-аут на клупата на Варар по кој се тргна понагажирно и заз само неколку минути со серија од 5-1 беше намалено водството на Савехоф на 11-9. Наместо целосен пресврт, следуваше нова серија грешки на „црвено-црните“ кои тешко доаѓаа во позиција за шут и уште потешко до реализација. На спротивната страна, Швеѓанките ја користеа секоја шанса и секоја дупка во добраната на противникот и на пет минути пред крај на полувремето имаа солидни 14-10. За среќа, финишот на полувремето одново беше во знакот на македонскиот првак. Вардарки конечно заиграа во своето препознатливо светло, набрзина направија серија од 4-0 и на одмор да заминаа со нерешени 14-14.
Во вториот дел се си дојде на свое место и Вардар заигра понагажирно и во нападот и во одбраната го презема водството кое беше од два разлика 17-15 и во последната четвртина ја направи клучната разлика од 23-19 со што влезе во мирна завршница за нова победа.
Нјефикасни кај ЖРК Вардар беа Маја Сокач со седум и Барбара Лазовиќ со пет погодоци. Во составот на Савехоф, Луис Санд беше прв стрелец со шест гола, а пет постигна Јулија Ериксон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.