| четврток, 6 декември 2018 |

Уставниот суд е столб на држвноста- СДСМ го напаѓа од политички причини

ustaven-sud-5

Уставниот суд е столб на државноста и уставноста и идејата на СДСМ е да го обои политички и е во контекст на нивното сценарио на рушење на државноста, институциите и столбовите на суверенитетот.

Сосема е јасно дека СДСМ од политички причини го напаѓа Уставниот суд. Дали СДСМ сака да направи уште една дневно-политичка манипулација и дали е тоа дел од постојаната деструктивна кампања на СДСМ не е најважно, најважно е тоа што СДСМ сака со сите сили да ги подрие сите институции во Република Македонија и преку тотална деструкција да го уништи целиот систем граден со децении – пишува денеска Курир.

Ваквото делување покажува дека СДСМ се против институциите во Република Македонија, односно против државата. СДСМ ги поткопаа сите темели на државноста, последен во тој поход им е Уставниот суд.  Тезата на СДСМ очигледно е “секоја институција што не ја контролираме треба да се уништи“. Институциите се независни и непартиски само ако се под строга контрола на СДСМ.

Не е точно дека се укинува можноста некој да одговара за уставни нерегуларности или за педофилија. Секој што направил кривично дело ќе си одговара за тоа што го сторил, односно ова не е расправа на Уставниот суд дали ова кривично дело да постои или не .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top