На втори март со почеток во 20 часот, гостин на Драмскиот театар од Скопје ќе биде Театарот „ЈХ Џинот“ од Велес со претставата „Класен непријател“ од Најџел Вилијамс, во режија на Теа Беговска.
Актерската екипа ја сочинуваат: Жарко Спасовски,Фаик Мефаиловски,Талија Настова, Марија Стефановска, Александар Велјановски, Самоил Стојановски, Драгана Босниќ, Весна Димитровска Бобевски, Слободанка Чичевска, Александар Ѓеоргиев, Славица Манаскова, Кирил Гравчев.

„Ентропија не е енергија која создава безредие во системот. Многу полошо – таа е заробена, ’неделотворна‘ енергија која постојано расте…расте…расте…“ вели режисерката Теа Беговска.

Ако нешто некогаш најмногу сме чекале и сè уште го чекаме, еве јас го чекам – тоа е НЕШТОТО што ќе нè воздигне, НЕШТОТО што ќе ја поттикне нашата свесност на глас да го изговори секој крик. Тоа НЕШТО, не е ниту човек – ниту нечовек, ниту е присутно – ниту е неприсутно. Не е во ничија сопственост, никој не го чува некаде скриено, не ниту мое, ниту ваше, ниту ничие! И така го чекаме, го чекам, и тоа ќе биде така сè додека не стане мое, твое и сечие. До тогаш сме, ќе бидеме и ќе останеме ранети ѕверови.
УПРАВНИКОТ: Вие сте диви ѕверови, вие не сакате никакво знаењ. Кога би ве пуштиле во Рајот, за десеттина минути ќе го уништите, како што ја уништувате и оваа добродушна тврдина на образованието.
ПЕГЛА: Така е, пичко! А знаеш ли зошто? Затоа што ние не уништуваме она што е наше. А овде нема ништо наше. Вие ништо не ни давате што би било наше; дури и она што ни го давате, го земате назад кога ќе ви се присака. И сè додека на таков начин се однесувате кон нас, ние ќе растураме: книги, професори, врати, прозорци, ѕидови, подови…сè ќе растуриме и ќе уништиме. Сè додека не го добиеме она што е наше природно право – право на АВТЕНТИЧЕН ЖИВОТ.
УПРАВНИКОТ: Ти си најнеподобниот ученик, премногу си бистар.
ПЕГЛА: Некој намерно нè држи во состојба на изолација.
УПРАВНИКОТ: Да сум на ваше место јас би избегал одовде. Одете си. Едноставно одете си.
(Управникот…си оди)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


