| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул испиша историја, прв англиски клуб со 350 настапи во европските купови

liverpul

Вчерашниот натпревар на Ливерпул против Аугсбург во рамките од Лига Европа кој се одигра на славниот „Енфилд Роуд“ во кој победија домаќините со 1-0 и се пласираа во следната рунда, значеше и нов рекорд во англискиот фудбал.

Црвените“, на тој начин, станаа првиот англиски клуб кој собра 350 натпревари во Европа.
Манчестер јунајтед, еден од историски најголемите ривали на Ливерпул, има 21 натпревар помалку во Европа.

Тимот од „Енфилд“ досега има освоено 11 европски трофеи – пет титули во Лигата на шампионите, три трофеи во Купот на УЕФА, како и три во европскиот Суперкуп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top