| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува трката за „Златна палма“ во Кан

Филмови во режија на Стивен Содерберг, Роман Полански и Паоло Сорентино се дел од листата на 19 филмови кои годинава се во конкуренција за главната награда, Златна палма, на 66-тиот меѓународен филмски фестивал во Кан, кој ќе биде отворен следниот месец.

Организаторите соопштија дека 1.858 филмови биле пријавени за главната натпреварувачка селекција.

Во трка по Златната палма се „Behind the Candelabra“ на Стивен Содерберг во кој играат Мајкл Даглас и Мет Дејмон и „ Inside Llewyn Davis“ на браќата Џоел и Итан Коен.

Во главната конкуренција е и канадскиот филм „Grigris“, кинескиот „A Touch of Sin“, француските “Michael Kohlhaas”, “Jimmy P” и “La Vie d’Adele”

Тука се и „Only God Forgives“ во режија на данскиот режисер Николас Виндинг Рефин, холандскиот „Borgman“, „The Great Beauty“ на италијанскиот режисер Паоло Сорентино и „Nebraska“ на Александар Пеин.

Во конкуренција се и јапонските филмови „Straw Shield“ и “Soshite Chichi Ni Naru“, американскиот „The Immigrant“, иранскиот „ Le Passe“ и италијанскиот „ Un Chateau en Italie“.

Фестивалот ќе биде отворен на 15-ти мај со „Големиот Гетсби“ на австрискиот режисер Баз Лурман, каде главната улога ја толкува Леонардо ди Каприо.

Фестивалот ќе биде затворен на 26-ти мај со трилерот „Зулу“ во режија на Жером Сала во кој главните улоги ги толкуваат Орландо Блум и Форест Витакер.
Годинава жири-комисијата ќе ја предводи оскаровецот Стивен Спилберг, а претседател на жири-комисијата која ќе ги оценува делата во конкуренцијата „Извесен поглед“ е данскиот режисер Томас Винтерберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top