Вистинска црна хроника вечерва во Прилеп. За помалку од половина час на две локации пронајдени се две мртви тела. Најпрвин околу 18 часот пронајдено е мртво тело на маж во близина на ЈКП „Комуналец“ изјави началникот на Итната помош д-р Гоце Јонзоски:
– Околу 18 часот во блзина на ЈКП ,,Комуналец,,, каде шинтерите ги чуваат кучињата, случајни минувачи биле информирани дека деца кои тука си играле забележале машки труп во поодмината фаза на распаѓање. Телото било со изгризени екстремитети и главата, најверојатно од кучиња, а според очевидците телото било покриено со гранки. Според првичната проценка на докторката од Итната помош, која била на местото на настанот, лицето било починато пред најмалку еден, а можеби и два или три месеци.
Петнаесетина минути по ова во Итната помош е јавено и за пронајдено мртво тело на 64-годишната Лилјана Јанкоска, која живеела сама во куќа на улицата ,,Александар Македонски,, број 73, наспроти Градскиот стадион:
– Повеќе од една недела соседите не можеле да ја видат жената и побарале од полицијата да се влезе во куќата и да се види што се случува. Кога во присуство на полиција, јавен обвинител и Итната помош е влезено внатре во куќата било пронајдено нејзиното мртво тело. Според првичната отценка на докторката од Итната помош на телото имало надворешни видливи траги на насилство на главата, лицето и вратот.
Увид на лице место извршиле екипи на полицијата и Јавен обвинител по чие барање е наредена обдукција на двете пронајдени лица со цел откривање на причините за смртта и временскиот интервал кога настапила кај двете лица, како и идентитетот на машкото лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка