| четврток, 6 декември 2018 |

Комплетниот шампионски тим на Франција- во пензија

france 1998Поранешниот француски репрезентативец и член на „Непобедливите“ на Арсенал од сезоната 2003/04, Роберт Пирес, стави крај на богатата кариера на 42 години.

Пирес, кој на клупски план најголем успех имаше со Арсенал, е последниот член на шампионскиот тим на Франција што триумфираше на Светското првенство во 1998 година на домашен терен.

robert pires– Имам 42 години и некогаш мораш да ставиш крај. Мора да оставиме простор за помладите. Моето последно искуство беше во Индија – изјави Пирес за „Л’Екип“.

Последен клуб за француското крило беше Гоа од Индија, а претходно, покрај за „топчиите“, настапуваше и за Астон Вила, Вилјареал, Марсеј и Мец. Со Франција беше и европски шампион во 2000 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top