| четврток, 6 декември 2018 |

Најстариот човек на светот со Даунов синдром го прослави 76. роденден

Британецот Кени Криџ се води за најстар човек на светот кој има Даунов синдром, а неодамна го прослави 76. роденден.

Кени е роден како близнак со својата сестра Дороти. При породувањето лекарите помислиле дека Кени е мртвороден и веднаш го тргнале настрана, посветувајќи се на неговата сестра. Но, Кени, набрзо покажал знаци на живот.

Во времето кога е Кени роден, просечен животен век на лицата родени со Даунов синдром бил 12 години, но Кени успеал да ги надживее и братот и сестрата.

Тој моментно живее во југозападниот дел на Англија и на 15 февруари го прославил 76. роденден. Живее во дом за стари лица, а лекарите за него велат дека е весел, има смисла за хумор и е вистински џентлмен.

Најстариот човек со Даунов синдром бил Американецот Берт Холбрук, кој во 2012 година починал во 83. година од животот.

Моментно најстара жена со Даунов синдром е Доли Грисом од Оклахома, која има 75 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top