Жителите од Ново Лисиче, Реонски центар Аеродром, населбата Лисиче и Горно Лисиче, кои имаат кабаст отпад утре, од 7 до 11 часот, ќе можат да го одложат пред своите куќи или згради.
Акцијата за собирање кабаст отпад ја организираат општина Аеродром во соработка со Град Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“.
Граѓаните, како што информира општина Аеродром, потребно е да внимаваат отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, но и местото да биде пристапно за да можат вработените на ЈП „Комунална хигиена“ да го соберат отпадот.
Акцијата в сабота ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански.
Под кабаст отпад се подразбира делови од мебел, бела техника, електронски апарати, но не и градежен шут.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)