| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува судскиот процес за Диво Насеље

Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да продолжи судскиот процес против 29 лица обвинети за настаните во кумановската Диво Насеље, кои се случија во мај минатата година.

На рочиштето што се одржа пред два дена беа сослушани четворица полицајци, кои биле нападнати во полициската станица „Гошинце“ и еден очевидец од Диво Насеље.

Обвинетите се товарат за тероризам и учество во терористичка организација.

На почетокот на судскиот процес обвинетите се изјаснија дека се невини и одбраната побара случајот да биде преземен од Специјалното јавно обвинителство. Судијата одговори дека предметот ќе биде предаден на ова обвинителство доколку оттаму пристигне такво барање до судот.

Обвинителството тврди дека нападот во Диво Насеље бил добро организиран, а обвинетите настапиле со директна умисла.

На 9 и на 10 мај минатата година во кумановското Диво Насеље вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top